ДИК да образложи зошто нема да се проверуваат 124.000 спорни гласачи

0
411

Државната изборна комисија треба да им ја образложи на граѓаните апсурдната одлука со која над 124.000 сомнителни гласачи нема да се проверуваат, бара СДСМ.

„Тоа не е во согласност со принципиелната борба што ја водиме за вистината и правдата. Овој состав на ДИК не смее да дозволи сомнеж во избирачкиот список и има обврска, согласно законот, целосно да го прочисти. Граѓаните и Македонија заслужуваат целосно прочистување на избирачкиот список затоа што само со целосно прочистување на избирачкиот список може да има регуларни избори“, соопштија социјалдемократите.