ДИК денека ќе каже како ќе ја спроведува теренската проверка

0
308

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе соопшти како ќе ја спроведува најавената теренска проверки на податоците кои произлегоа од извештајот од вкрстените проверки на податоците од десетина државни институции.

ДИК планира да почне и медиумска кампања наречена „Отворени врати“ преку која граѓаните треба да се информираат и да се мотивираат за соработка со тимовите на комисијата кои ќе ја спроведат теренската проверка.

Проверката ќе ја вршак обучени и овластени анкетари на Заводот за статистика. Тимовите на ДИК од подрачните единици ќе бидат контролори, а партиите набљудувачи.

Рокот на завршување на прочистувањето на избирачкиот список е 17 април.