ДИК денеска ќе ги соопшти резултатите од теренската проверка

0
320

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на јавна седница, ќе ги соопшти резултатите од теренската проверка.

Како што најавија оттаму, на јавната седница денеска ќе се разгледува извештајот од вкрстените, теренските и административните проверки за ажурирање на Избирачкиот список.

Инаку, административната проверка, во МВР и во Министерството за правда, на повеќе од сто илјади спорни гласачи, требаше да биде завршена на 31 март, а теренската проверка требаше да заврши до 3 април.

Според роковите, пак, на 17 април прочистениот избирачки список треба да биде ставен на увид.

Без коментари

LEAVE A REPLY