ДИК денеска не почна со теренската проверка на избирачкиот список

0
392
Државната Изборна Комисија денеска не почна со предвидената теренска проверка на избирачкиот список, велат од комисијата. Проверката не е почната поради подготовки за целата процедура. Инаку Државната Изборна Комисија требаше да почне со теренската проверка на 89.383 запишани гласачи во избирачкиот список, кои по вкрстената проверка се покажале како спорни. Според проценката на ДИК, проверката ќе трае до 3 април. За оваа операција комисијата започна и информатива кампања „отворени врати“ и ги објави официјалните беџови што ќе ги носат анкетарите кои ќе одат од врата до врата.