ДИК денеска треба да одржи работен состанок

0
453

Државната изборна комисија денеска треба да одржи работен состанок на кој ќе се расправа има ли потреба и уставен основ комисијата да продолжи со работа. Ова доаѓа  откако вчера и формално се потвди дека на изборите ќе учествува листата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијативата е на членовите на комисијата од ДУИ и СДСМ, а од исходот на денешниот состанок ќе зависи дали ваква точка на дневен ред ќе има и на официјална седница на ДИК.