ДИК доби забрана да го објавува Избирачкиот список

0
486

Со две решенија на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Државната изборна комисија ѝ е забрането да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список, односно, да објавува на својата веб страна лични податоци на физички лица (име, презиме, пол, адреса, место и општина, датум на раѓање, податок за иселени лица и број на гласачко место) содржани во списокот на неконзистентни записи – предмет на теренски проверки.

Решенијата на Дирекцијата се изготвени по вонреден инспекциски надзор во ДИК. Во образложението стои дека тоа што ДИК објавува и дава електронскиот пристап до личните податоци во Избрирачкиот список не е правично и не е законски. Имено, од Дирекцијата се повикуваат на Изборниот законик во кој личните податоци од Избирачкиот список не смеат да се употребуваат за ниту една друга цел освен за остварување на избирачкото право на граѓаните, а оттаму ценат дека со овозможувањето на електронски пристап до името и презимето на избирачите постои ризик личните податоци да бидат употребени и за други цели.

Без коментари

LEAVE A REPLY