ДИК е подготвена за пречистување на Избирачкиот список

0
502

Премиерот Емил Димитриев вели дека ДИК веќе направила сериозни подготовки за пречистување на Избирачкиот список и смета дека откако партиите ќе се согласат за методологијата за пречистувањето, дека ДИК ќе може во соодветните рокови да одговори на предизвикот.

Доколку партиите се договорат за методологијата за пречистување на Избирачкиот список, Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за таа задача, а веќе имаат и сериозни подготовки, рече премиерот Емил Димитриев по средбата со членовите на ДИК во комплетен состав што ја имаше попладнево во канцелариите на Комисијата.
Димитриев рече дека Владата и’ стои на располагање на ДИК за прашања од просторен, технички и финансиски тип и дека веќе на следната владина седница ќе бидат донесени и соодветни заклучоци.

Без коментари

LEAVE A REPLY