ДИК ги констатираше листите, дел од партиите да корегираат документи

0
325

До Државната изборна комисија доставени се 13 листи од политички партии и коалиции, a на 6 партии пратено им е известување за да направат корекции во документите.

„Левица“, Коалиција за промени и правда, Социјал – демоктартската партија на Македонија, Коалиција за Албанците, ВМРО за Македонија и Националното движење за Македонија се известени дека се вратени на корекции.

Корекциите генерално се однесуваат на недостаток на соодветен личен документ на кандидатите.

ДИК ги констатираше сите листи освен кандидатурите на и Социјал-демократската партија во една изборна единица.

Од денеска па сè до почетокот на кампањата согласно изборниот законик и измените договорени во Пржино кандидатите кои се потврдени од ДИК нема да може да се појавуваат во медиумите, да промовираат мерки, да искажуваат ставови, ниту пак партиите да одржуваат конвеции и да ги промовираат кандидатите и да праќаат политички пораки, бидејќи тоа ќе се смета за предвремено почната кампања.

На 20 – ­ти ноември со жрепка ќе се утврди распоредот на кандидатските листи на гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори закажани за 11­-ти декември. Изборната кампања почнува на 21 ноември.

Без коментари

LEAVE A REPLY