ДИК ги отфрли сите приговори од партиите за првиот круг од локалните избори

0
200

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите приговори што ги поднесоа политичките партии за гласањето и сумирањето на резултатите од првиот круг на локалните избори кои што се одржаа на 15 октомври.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска изјави за МКД.мк дека седницата на Комисијата која што започна вчера околу 10 часот, траела до 7 часот утринава и дека сите поднесени приговори се одбиени.

Партиите можат да се жалат на одлуките на ДИК и во рок од 24 часа од добивањето на решенијата треба да поднесат жалба до Управен суд, а судот, пак има рок од 48 часа да донесе одлука по жалбите.

Инаку, до ДИК беа поднесени вкупно 43 приговори и тоа 40 од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од Левица, Алијанса за Албанците и од ТМРО. Пред почетокот на седницата ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори.

www.mkd.mk