ДИК ги повика граѓаните да направат увид во избирачкиот список

0
284

Државната изборна комисија на веб-страницата упати апел до граѓаните да направат увид на податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно,  да побараат измена, дополнување или бришење на податоците. Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година, станале полнолетни.

Јавниот увид може да се изврши на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.