ДИК ги завршува дополнителните проверки на спорните гласачи

0
301

Денеска истекува рокот во кој Државната изборна комисија треба да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи, откако на 19 овој месец истече рокот во кој тие имаа можност сами да се пријават до Комисијата.

ДИК на седница одржана на 23 август го разгледа и едногласно гo усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи.

До ДИК во рокот за пријавување од 26 јули до 19 август 2016 година пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 пријава е прифатена.

Вкупно 3.620 пријави биле лично доставени до ДИК, а 5.302 се поднесени преку електронска апликација. Правната служба на ДИК одбила 21 пријава. Од нив една пријава е одбиена поради нечитлив документ, девет поради несовпаѓање на документ, девет поради неважечки личен документ и две поради некомплетен личен документ.

Согласно утврдениот Извештај на ДИК, пријава не поднеле вкупно 30.467 лица. Според писмено известување од Управата за водење матични книги од 22 август 2016 година 20 лица од списокот се починати заклучно 19 август 2016 година.

Со Законот за дополнување на Изборниот законик, ДИК беше задолжена да спроведе процес на активна регистрација на 39.502 лица за кои при спроведените административни и теренски проверки се утврдени спорни записи.