ДИК го објави планот за проверка на избирачкиот список

0
516

Државната изборна комисија го објави планот за проверка на статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на избирачкиот список.

Резултатите од пребарувањата на секој аналитичар ќе бидат споредени и ќе се прави совпаѓање, со што ќе се обезбеди висок степен на доверба во резултатите, се наведува во планот.

Се препорачува да се договори преглед на стратегијата за теренската проверка, колку што е можно побрзо, врз основа на табели со податоци, така што првичните одлуки за поставување приоритети ќе се направат без да се знае кои поединечни гласачи, избирачки места ќе бидат вклучени во теренската проверка, се наведува во планот на Државната изборна комисија.