ДИК го утврди роковникот за локалните избори

0
274

Според усвоениот Роковник, јавниот увид во избирачкиот список ќе трае од 21 август до 9 септември. Рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници е од 21 август до 4 септември, а политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври годинава, а вториот круг би се одржал на 29 октомври. Изборната кампања ќе започне на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври, додека за вториот круг од локалните избори, кампањата ќе трае до 27 октомври на полноќ.

Ждрепката за утврдување на редослед на кандидатите на гласачко ливче ќе се изврши најдоцна до 18 септември, а набљудувачите треба да се акредитираат најдоцна до 4 октомври.

Од денска почнува и мониторингот на медиумите за начинот на кој ќе известуваат за време на локалните избори од Агенцијата за медиуми.