ДИК ќе одлучува по приговорите од вториот круг од Локалните избори

0
227

Државната изборна комисија денеска ќе одлучува по приговорите поднесени од партиите во однос на резултатите од вториот круг на Локалните избори.

Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, БЕСА 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово.

Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка. По приемот на приговорите, Државната изборна комисија е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив.