ДИК на преговарачка маса

0
319

Партиите не можат да се договорат околу имињата на експертите кои треба влезат во составот на новата Државна изборна комисија. На состанокот во петокот се дискутирало за кандидатите што за овие позиции се пријавиле на конкурсот но партиските претставници кај секого нашле по некоја забелешка и не успеале да се усогласат. Како што брифираат извори во преговорите, некои од учесниците се обиделе да постигнат договор со тоа што партиите ќе си ги поделат трите позиции, но тоа не било прифатено од сите.

За денеска е закажана нова средба на работната група за избор на членови на ДИК на која се очекува странските посредници во процесот да предложат методологија по која ќе се одлучи за тоа кои ќе бидат експертите во Изборната комисија.