ДИК најавува проверка на сите сомнителни случаи

0
568

Државната изборна комисија ќе ги провери сите сомнителни записи во Избирачкиот список. Вакво ветување членовите на Државната комисија им дале на дипломатите од дваесетина земји, кои посакаа непосредно од нив да слушнат како оди вкрстената проверка на базите на податоци, подготовките за теренска проверка, постапувањето по пријавите на граѓаните и генерално, целиот процес на пречистување на Избирачкиот список, јави Телма.

ДИК веќе усвои Упатство за теренска проверка на сите несовпаѓања што ќе произлезат од споредбата на информациите со кои располагаат десет државни институции со базата на МВР. Упатството не ги опфаќа над двете илјади пријави од граѓаните, бидејќи во ДИК сеуште нема согласност: дали тие да се разгледуваат по службена должност или како претставки.

Членовите на ДИК предложени од опозицијата велат дека Комисијата треба да ги третира аукажувањата на граѓаните како допрен глас за неправилности и да ги решава во соработка со другите државни органи. Неколку други членови велат дека мора да се отвори управна постапка, што значи да се носат решенија за секој пријавен случај посебно, што може да трае со месеци па и со години. Откако ќе се затвори ова прашање, ќе се одлучува дали за овие предмети ќе се носи посебно упатство или ќе се надополнува претходното.

Без коментари

LEAVE A REPLY