ДИК почнува со теренска проверка на сомнителните гласачи

0
683

Државната изборна комисија денеска започнува со теренската проверка на спорните гласачи.

Подложни на теренската проверка ќе бидат 89.383 спорни гласачи. Дел од медиумите објавија дека членови на ДИК од ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, без одлука на комисијата земале ЦД-а со податоци од вкрстената проверка на гласачи,  а од ДУИ  одбија да ги коментираат овие информации.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски  потврди дека на  барање на членовите од овие партии, во рамки на нивните работни задачи им биле доставени податоците.
Само во општина Центар и Аеродром, според документацијата на подрачните единици на комисијата, има околу 7.000 спорни гласачи кои ќе бидат предмет на теренска проверка. Од ДИК велат дека постои можност податоците за спорните гласачи да бидат објавени јавно, со цел  граѓаните да видат дали тие ќе бидат предмет на теренската проверка која.

Без коментари

LEAVE A REPLY