ДИК повторно ќе го чешла Избирачкиот список

0
284

Државната изборна комисија, во четврток, со почеток во 13 часот, ќе се одржи првиот состанок на Работната група за Избирачки список со која претседава Државната изборна комисија.

На состанокот се поканети претставници од институциите со кои соработува Државната изборна комисија, и тоа Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Државниот завод за статистика, Управата за водење на матични книги, Секретаријатот за европски прашања и Дирекцијата за заштита на лични податоци, четирите најголеми политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ, ИФЕС, како и невладините организации МОСТ и ЦИВИЛ, соопштија од ДИК.

ДИК, пред откажувањето на изборите, на 5 јуни, со мнозинство гласови одлучи дека списокот е проверен и прочистен и оти Комисијата е подготвена за организирање на гласањето.

Сепак, од опозициската СДСМ тврдат дека списокот не е прочистен, и сè додека не биде прочистен, тие нема да учествуваат на избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на прославата на партијата повика Државната изборна комисија да направи проверка на гласачите по теркот на СДСМ./крај/мф/бб