ДИК предлага трет избирачки список

0
383

Државната изборна комисија на Работната група на партиите им предложи трет избирачки список за спорните околу 40 илјади гласачи. Овој список треба да е покрај постоечкиот и оној со спорните 170 илјади луѓе кои се спорни за СДСМ и треба да се водат како дијаспора. Претставниците на СДСМ рекоа дека тоа не одговара на нивното барање, ниту до сега за тоа е разговарано. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не гледа ништо спорно во избирачкиот список, но сепак ќе ги прифати предлозите на опозицијата. ДУИ не сака да прифати список од кој ќе бидат избришани гласачите. Од ДПА не коментираа.