ДИК се подготвува за локалните избори, денеска седница за кандидатските листи

0
277

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која треба да биде разгледано и усвоено упатсвото за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори.

Членовите на ДИК ќе разговараат и за упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.

На дневен ред на седницата на ДИК е и извештајот за исплатата на надоместокот на трошоците на учесниците во изборната кампања.

mkd.mk

Без коментари