ДИК со писмо бара Вељаноски да го свика Собранието

0
605

Сите членови на Државната изборна комисија гласале за тоа дека до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски треба да се испрати писмо во кое ќе се бара промени во Изборниот законик. Ова всушност значи дека ДИК од Вељаноски бара да се свика Собранието и да се одложат изборите закажани за 5 јуни.

Едногласна е одлуката на ДИК дека треба да се бараат измени во Изборниот законик поради тоа што има несогласувања во бројот на гласачите во три изборни единици – тројката, четворката и шестката. ДИК заклучува дека има отстапувања од по најмалку пет проценти во бројот на гласачите во овие изборни единици.

По ова,  Трајко Вељаноски ќе треба да го свика Собранието, а на дневен ред на седницата да биде промената на Изборниот законик, што ќе значи и одложување на изборите.

Едногласна беше одлуката и за тоа дека нема услови за одржување на избори во дијаспората затоа што се пријавиле помалку гласачи (5.343) од потребниот минимум од 6.500 гласачи.

На седницата учествуваа и двајцата членови на ДИК од СДСМ, кои досега не присуствуваа на седниците.

Денеска Јоханес Хајндл, специјалниот пратеник на Германија за кризата во Македонија го заврши дводневниот работен престој во Скопје. За време на неговиот дводневен престој, ДУИ од Уставниот суд побара преиспитување на одлуката на Собранието за изборите на 5 јуни, а пред малку и ДИК побара од претседателот на Собранието да го свика пратеничкиот состав и законодавниот дом да заседава за измени во Изборниот законик.

www.mkd.mk