ДИК теренски ќе „прочешла“ 89.383 гласачи

0
371

Државната изборна комисија синоќа на седница најави дека на терен ќе се проверуваат 89.383 записи.

Ова уследи откако вчера беа направени дополнителни проверки од страна на ИТ експертите на лица кои се повторуваат по повеќе основи. На административна проверка ќе подлежат 107.660 лица.

ДИК преходно соопшти дека ќе се проверуваат 100.436 записи од вкрстената и граѓанската проверка преку веб – апликацијата.

Од Државната изборна комисија информираа дека денеска ги започнуваат обуките за овластените анкетари кои ќе ја прават теренската проверка.

Целата процедура за прочистување на списокот со гласачи треба да заврши околу 17 април.