ДИК теренски ќе проверува 110.440 гласачи

0
393

Државната изборна комисија одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 гласачи кои по вкрстувањето на податоците се покажаа како спорни .Дополнително ќе одлучи дали теренски ќе проверува уште 62.837 лица, откако претходно за нив ќе се изврши административна проверка.

Исто така, админстративно треба да се проверат податоците и за 35.859 избирачи кои најверојатно се починати.

Нема да има проверки за најспорните 124.027 гласачи (на привремена работа или престој во странство) за кои имаше сомневање дека се иселени. Тие имаат гласачко право и не се сомнители, заклучија членовите на ДИК, без гласовите на Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, кои тогаш ја напуштрија седницата. Најголемите расправии во ДИК беа токму за оваа точка

Без коментари

LEAVE A REPLY