ДИК усвои заклучок дека е подготвена за избори, Чичаковски и членовите на СДСМ ја напуштија седницата

0
460

Државната изборна комисија со шест гласа „за“ го донесе заклучокот во кој се вели дека избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори.

Претходно, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и двајца членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев, ја напуштиле седницата и не сакале воопшто да гласаат за оваа точка од дневниот ред.

Вметнување точка на дневниот ред со заклучок за тоа дали се исполнети условите за фер и демократски избори, побарале амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, кои биле на средба со членовите на ДИК.

„Државната изборна комисија донесе заклучок со кој што констатира дека врз основа на досегашната работа од неговиот избор до денес и врз основа на одредбите од Изборниот законик, е подготвена законито, совесно и транспарентно да ги спроведе сите изборни дејствија за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои се распишаа на 15 април 2016 година, а ќе се одржат на 5 јуни 2016 година“, се вели во соопштението од ДИК.

Инаку, расправата поминала во тензична атмосфера, а кога се ставила точката на дневен ред, тројцата членови веднаш ја напуштиле седницата.

www.mkd.mk