ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 444.014, СДСМ 428.683

0
1649

ДИК рано изутрината на прес конференција ги соопшти прелиминарните резултати од гласањето за предвремените парламентарни избори по обработени 99,34 отсто од гласовите. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 444.014 гласови, СДСМ и Коалицијата 428.683, ДУИ 85.774, Движење БЕСА 57.749, Алијанса за Албанците 35.103 и ДПА 30.971 глас. ДИК соопшти дека во текот на денешниов ден ДИК ќе излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес До ДИК до три часот изутрината, како што е соопштено, немало пристигнато никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.