ДИК за проверката на избирачкиот список

0
1138

Избори на 24- април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список.

Ова го пишува во изјава од три страници која претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски им ја подели на политичките партии кои во Клубот на пратеници разговараат за изборниот процес.

Истиот документ, Чичаковски им го подели и на новинарите кои ги следат преговорите кој утрово ги свика олеснувачот Питер Ван Хауте.

Во документот пишува и дека не може да се прецизираат рокови околу прочистувањето на Избирачкиот список и дека за да се има доверба во ИС на ДИК и се потребни најмалку три до четири месеци.

Чичаковски рече дека ги информирал партиите за оценките на ДИК за условите за прочистување на Избирачкиот список и за спроведувањето на останатите надлежности.

Посредникот Питер ван Хауте, пак изјави дека за кредибилни избори е потребно време.

„Очигледно е дека не треба да се држиме до роковите. Она што е потребно е да се обезбедат прво сите услови за пречистување на Избирачкиот список за да има кредибилни избори“, изјави Ван Хауте.