ДИК заседаваше 10 минути

0
475

Државната изборна комисија вечерва одржа седница која траеше 10 минути. Членовите на ДИК немаат идеја како да се врши прочистувањето на избирачкиот список.

Тие ја чекаат методологијата што политичките партии, потписнички на договорот од Пржино, ќе ја предложат. Пред три дена ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека без никакви забелешки ќе ја прифатат методологијата на ДИК.

Вечерва ДИК се согласија дека за прочистување на избирачкиот список треба да се вкрстуваат податоците од 13 државни институции (Фонд за здравство, МВР, Фонд за пензиско осигурување, УЈП, статистика, катастар, НБМ, општини, водовод и канализација…).

ДИК донесе одлука Милева Христова да го заземе пратеничкото место на Емил Димитриев, кој од 18 јануари е премиер.

Изборите годинава ќе чинат околу 8 милиони евра.
www.mkd.mk