Димитриев не му прифати два предлози на Ахмети за министри и заменици во Владата

0
404

Арлинд Зеќири и Беким Максути се на листата кандидати за нови министри и заменици министри на лидерот на ДУИ Али Ахмети, но не и на предлогот на премиерот Емил Димитриев испратен денеска пред собраниската седница.

Беким Максути, беше предложен за заменик на министерот во Министерството за одбрана, а Арлинд Зеќири за министер за привлекување странски инвестиции. Овие двајца не се на листата на Димитриев, за која денеска пратениците треба да се изјаснат.

Максути во 2012 година во униформа на АРМ, заедно со тогашниот министер за одбрана Фатмир Бесими се поклонија пред споменикот на ОНА во Слупчане. Ова се претпоставува дека е неприфатливо за Димитриев, кој тогаш беше заменик министер за одбрана. Не е познаато зошто Зеќири е неприфаатлив кандидат за техничкиот премиер за спроведување на изборите.

Ахмети предложи главно многу млади кандидати кои досега биле на високи функции во државната администрација или универзитетски професори. Најмлад меѓу нив е заменикот за транспорт и врски Фатон Положани кој има 26 години.