Димовски бара да се распушти Собранието, Спасовски да се избере претседател

0
390

Илија Димовски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ од собраниската говорница денеска рече дека ако се обезбедат гаранции да се распушти Собранието веднаш ќе биде избран претседател на парламентот кој ќе има единствена улога – да распише брзи локални избори и вонредни парламентарни.

Оливер Спасовски од СДСМ, пак, побара да се расправа за веќе утврдената точка на дневниот ред на собраниската седница – прво да се формира Комисијата за избори и  именувања, да се конституира Собарнието, односно да се  избере претседател и откако ќе се конституираат институциите на системот, да се отвори дебата за сите други прашања.