Димовски Ѓоре го прослави својот 90-ти роденден

0
269

Во еден од битолските ресторани, Димовски Ѓоре од Битола, го прослави својот 90-ти роденден во присуство на неговото семејство, пријатели, роднини.

Тој како што ни истакна, е роден во село Старавина а во 1956 се преселува во Битола.

За роденденот посебно се заблагодари на својот син, организатор на цела прослава.

Димовски ни истакна дека најголемо богатство во животот на еден човек е поддршката од семејството, па така и оваа вечер, тој својот 90-ти роденден, го прослави со своите внуки кои не се одделуваа од својот дедо за време на цела прослава.