Димовски најави кривични пријава против Митревски

0
261

Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на седница разгледувало документација и активности од работењето на ССМ во време на поранешниот претседател Живко Митревски. Наследникот на Митревски, в.д претседателот Дарко Димовски, вели дека документите покажуваат какви штети се нанесени на Сојузот во изминатите седум години.

Димовски најави дека ќе поднесе кривични пријава против Митревски за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и за „фалсификување документи“, на што ќе претходи вештачење и ревизија на финансиското работење.

www.slobodnaevropa.mk

Без коментари