Димовски: Нема договор, но има приближување на ставовите

0
441

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рано изутринава, по средбата на партиските лидери со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан во Пржино, оцени дека иако не е постигна финален договор, сепак имало прогрес и приближување на ставовите по одделни прашања.

– Разговаравме за законот за материјалите кој беше предложен пред една недела во Собранието.Тука се обидуваме да најдеме баланс помеѓу јавниот интерес во смисла на заштита на слободата на изразување и она што е напишано во Договорот од 2 јуни и од 15 јули. Разговаравме и за законот за „свиркачите“ кој е новитет во македонското законодавство,за кој ќе треба да се направат дополнителни напори за доближување, Во текот на утрешниот ден е најавено одржување на повторен состанок на работните групи. Ние ќе останеме целосно посветени на постигнување финален договор околу сите отворени прашања, рече меѓу другото Димовски.

Во однос на Законот за Влада, подвлече дека е особено значаен, бидејќи предвидува воведување дополнителни заменици министри, што како регулатива досега ја нема во македонското законодавство поради што, вели, неопходна е измена на законот и прецизно утврдување на нивните надлежности. Како позитивен исчекор од досегашните разговори Димовски го издвои усогласувањето за изборниот законик, за кој вели, можно е уште денеска да се најде во собраниска процедура.