Дипломатска мисија на Хојт Ји и Хајндл

0
339

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл денеска доаѓа во посета на Македонија, втора за кус период.

Како што е најавено, тој ќе има средби со лидерите на четирите најголеми партии, потписници на Договорот од Пржино како и со претставниците на меѓународната заедница овде.

Според агендата, Хајндл, за разлика од претходната посета, ќе се сретне и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Од вчера во земјава престојува и заменик помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји. Тој вчера имаше средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, а за денеска напладне е најавена и официјална изјава.

Посетите на двајцата меѓународни претставници се случува  истовремено кога Собранието ја повлече одлуката за предвремени парламентарбни избори ан 5 јуни, и кога меѓународната заедници, посебно ЕУ и САД бараат укинување на аболицијата од страна на претседателот Иванов.