Дипломатско возило на Бугарскиот конзулат повреди пешак

0
572

Вечерва на улицата Партизанска во Битола се случи сообраќајна незгода во која како што велат од битолската полиција учестувале патничко моторно возило со дипломатски регистарски таблички и пешак.

Станува збор за Фолксфаген Пасат дипломатско возило на бугарскиот конзулат. Пешакот е лице на возраст од околу 80 години и со тешки телесни повреди е пренесен на клиниката во Битола, изјави за Тера портпаролот на битолската полиција.

На местото на незгодата излезе и јавен обвинител.

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY