Директорката за Западен Балкан во Форин Офисот во Македонија

0
421

Директорката за Западен Балкан и проширување во британското Министерство за надворешни работи и Комонвелт, Фиона Мекилвам денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија.

За време на нејзиниот престој, како што соопшти Британската амбасада, Мекилвам ќе се сретне со претставници од политичките партии и од граѓанскиот сектор.

Посетата на Мекилвам е во рамки на редовната билатерална соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Без коментари

LEAVE A REPLY