Директорот на „Хипо“ банка поднесе оствка поради „Панамските документи“

0
310

Претседателот на Управниот одбор на австриската банка „Хипо Форарлберг“, Михаел Грамер поднесе оставка на функцијата, откако името на банката се појави во документите кои истекоа од паманската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“.

Грамер во својата изјава нагласи дека оставката не е признавање на вина, туку лична одлука, за која одамна размислувал.

Тој додаде дека е убеден во законитоста на зделките, извршени од страна на банката.

Во трансакциите на офшор компаниите сепак јасно се гледа кој стои зад сумите.

Банкарот е во Управниот одбор на „Хипо Форарлберг“ од 2004 година, а претседател на Одбор стана во 2012 година.

Без коментари

LEAVE A REPLY