Дискриминација врз татковците

0
474

Народниот правобранител бара и татковците да земаат пари за трето дете тој поднесе иницијатива за изготвување на предлог за изменување и дополнување на одредбите од Законот за заштита на децата. Според него, постои нееднаквост и правна несигурност, бидејќи само мајката може да го оствари правото за надоместокот на трето дете.
На брифингот кој беше одржан со новинарите, од канцеларијата на Народноит правобранител изразија загриженост дека постои нееднаквост и правна несигурност, бидејќи само мајката, а не и таткото, може да го оствари правото за надоместокот на трето дете.
Од таму велат дека се доведува под прашање основноста и оправданоста на ваквото законско решение кое го ограничува пристапот и остварувањето на ова право на двајцата родители. Тие додаваат дека законските одредби се во спротивност и со принципите на правичност, хуманизмот и солидарноста како темели на вредности на Република Македонија.

Народниот правобранител во своето работење по конкретни предмети констатирал и други нелогичности, затоа што корисниците на социјална парична помош и други видови социјални примања не можат да остварат право на родителски додаток за трето дете. Тие треба да изберат дали ќе земаат пари за трето дете или социјална помош. Сите други лица кои се во работен однос добиваат пари за трето тете, без оглед на висината на примањата.