Дислексијата не е болест

0
795

Дислексијата не е болест таа е специфичен вид на потешкотија во читањето. И покрај просечната и натпросечната интелигенција, некои деца кои имаат дислексија имаат проблеми да ги „декодираат“, односно читаат зборовите и да ги асоцираат со одредени звуци и комбинации од букви.

Тие имаат проблем да ги препознаат честите зборови кои најчесто луѓето кои знаат да ги читаат ги препознаваат моментално. Децата со дислексија исто така имаат проблеми да научат како да спелуваат (кај јазиците кои немаат фонетска азбука, како на пример англискиот).Неодамнешни истражувања покажуваат дека има два главни ефекти на дислексијата. Прво, луѓето со дислексија имаат слаба свесност за фонемичност. Ова значи дека имаат потешкотии да ги слушаат разликите помеѓу одредени звуци, или фонеми, во азбуката на тој јазик. Тие исто така имаат проблеми да римуваат или да ги делат зборовите во индивидуални букви. Тие не можат да направат конекција помеѓу звуците и буквите, или комбинациите од буквите и целосните зборови. Кога читаат, на луѓето со дислексија им треба повеќе време отколку на другите луѓе да ги склопат засебните букви во зборови, изјави Славица Тасевска Николовска стручно лице за дислексија  


Постојат повеќе симтоми кои асоцираат на дислексија, и повеќето од нив се појавуваат во раното детство,касно распознавање на буквите,проблеми со римување,проблеми при набројување на зборови кои почнуваат на ист звук,проблеми при памтење на букви или комбинации од букви,проблеми при учење на зборови, и декодирање на нови, непознати зборови,бавно читање, или читање збор по збор,неможност за спелување,бавно пишување, додава

Дали има поврзаност помеѓу дислексија и дисграфија?

Дисграфија пак, е состоја при која детето се соочува со тешкотии при пишувањето.Вообичаено, децата кои имаат ваков проблем, имаат неуреден ракопис, лошо поставен простор меѓу зборовите (некои зборови ги спојуваат), ги мешаат буквите, не знаат кога треба да напишат мала, а кога голема буква, при пишување некои зборови не ги довршуваат и мошне бавно пишуваат, додаде Тасевска Николовска

Сите проблеми со читањето не претставуваат дислексија, вели Тасевска Николовска и додава дека некои проблеми при читањето се предизвикани од недостатокот на читање и добри примери за луѓе со богат вокабулар и желба за читање во семејството и поблискиот круг на луѓе. Кај некои деца пак, се јавува и лесно читање на текстот, но имаат проблеми да ја разберат самата содржина на тоа што го пишува.