Дислокација на сточниот пазар и изградба на нов кванташки пазар во Битола

0
558

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски денеска рече дека негов приоритет е подобрување на животот на граѓаните и најави проект од новата програма со која ја бара довербата на претстојните локални избори.

„Овој проект е важен не само за општина Битола, туку и за приградските населби. Тоа е дислокација на сточниот пазар и изградба на нов кванташки пазар за земјоделски производи. На тој начин, за дел од граѓаните кои живеат околу досегашниот сточен пазар тој дел ќе се пренамени и ќе се овозможи полесен пристап до тој пазар со домашните животни кои од селата се носат на пазарот. Исто така се отвора можност за размена на кванташкиот пазар за земјоделските производи кои нашите сограѓани ги произведуваат, рече Илиоски.

Без коментари