Дизелот поевтинува 1,5, а бензинот 0,5 денари

0
166

Малопродажните цени на бензините ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, додека цената на литар дизел ќе се продава по 1,5 денари пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 71,00 денари, а на еуросупер БС-98 изнесува 73,00 денари.

Малопродажната цена на еуродизелот изнесува 55,00 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,745 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,071 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше е за 1,402% понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените, се вели во образложението.