Дизелот поевтинува еден денар, бензините без промена

0
453

Малопродажните цени на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека цената на бензините останува непроменета, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката литар еуродизел од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 48,5 денали, додека додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.

За 1,5 денари поевтинува мазутот М-1 НС, со што новата цена изнесува 19,257 денари за еден килограм.

Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 остануваат непроменети, односно и натаму ќе се продаваа по  62,50 ден/лит и по 64,50 ден/лит. /крај/