Дизелот поевтинува за еден денар, бензините за половина

0
398

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтинат за половина денар за литар, а дизелот за еден денари, одлучи денеска РКЕ.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 61 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 63 денари за литар.

 Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари, a Екстра лесното масло за домаќинство  ќе чини 31,5 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.