Дневник ја додели наградата за најдобар дописник

0
1212

Стојне Митева, дописник на Канал 5 од Струмица е овогодинешниот добитник на наградата „Менде Петковски“ која дневниот весник „Дневник“ оваа година ја додели по 11-ти пат.

-Конкурирав за наградата „Менде Петковски“ за случајот со жртвата на семејно насилство која што една година ја третирав, за жал не доби разврска, а таа и понатаму е цел на семејно насилство. Апел до сите надлежни институции да се најдат механизми со кои би се заштитиле жртвите на семејно насилство, рече на денешното доделување Стојне Митева, добитник на наградата.

Плакетата и ја врачи Бранко Ѓоргевски помошен главен и одговорен уредник на Дневник  кој посочи дека оваа награда ги вреднува и стимулира дописничките прилози.

-Оваа награда е резлутат на нашата желба како весник и редакција која и сама има дописници, да ги стимулира, да ги вреднува трудовите на дописниците, за кои знаеме дека работат во прилично тешки услови и таа да биде поттик за нивниот ангажман, изјави Бранко Ѓорѓевски, помошник главен уредник во „Дневник“.

На настанот кој што се одржа викендов во Битола учествуваа новинари, претставници на локалната самоуправа и пријатели на семејството Петковски кои како што истакна неговата сопруга професијата новинарство е од значење во нашето општество и затоа 11 години овој собир е проследен со голема присутност и посетеност.

-Среќна сум што во овие турбулентни времиња, професијата новинарство и пишуваниот и кажаниот збор имаат значење или уште повеќе треба да имаат во нашето општество, изјави Светлана Петковска.

Весникот „Дневник“ чиј дописник беше новинарот Менде Петковски одлучи во 2005 година да ја воспостави оваа награда со цел неговото дело и име да продолжат и понатаму да ги инспирираат сите од оваа професија.