Дневникот на лудиот најдобра претстава на фестивалот во Тиват

0
649

Жирито на 11-тиот по ред фестивал на медитеранскиот театар Пургаториј 2016 кој се одржува во Тиват, во состав Мани Готовац, театролог и претседател на жири, Тања Бошковиќ-актерка, Зоран Живковиќ-продуцент, после 10-тина одгледани претстави во официјална конкуренција, ја прогласи претставата Дневникот на лудиот, во продукција на Moving Music Theatre, Подвижниот музички театар од Битола, во режија на Марјан Неќак, а во изведба на хрватскиот актер Озрен Грабариќ, за најдобра.

– Триото Гогољ,Неќак, Грабариќ, необично е театарски прецизно и елоквентно.Наоѓаат инспирација еден во друг. Како да станува збор за џез состав. Секој од нив допринесува за сјајот на целата претстава. Со своето пишување, музиката, режијата и актерството, ја покажуваат брилјантноста на едно високо ниво на емоциите и размислувањето.

До такво остварување може да се дојде само кога- јас, се губи во текот на работата, кога се вежба, а притоа не се гледа на саат, во мир , бавно, исцрпно, точно-стои во образложението на жири комисијата.

Озрен Грабариќ игра лик кое општеството го гледа како непожелен и непотребен. Личност која се бори со реалноста.Не станува ли тука збор за секој човек кој денес се бори за својата егзистенција?

– Човековата состојба, денес во светот, Грабариќ ја прикажува како вкрстување на прашања, неприлики и задоволството што го нуди единственото создавање, а тоа по правило е оневозможено. И понатаму, Грабариќ е во исто време извор на проблемите, причина за надеж, насмевка, подарок, неизвесност, апсурд. Ни преостанува да се запрашаме -не е ли состојбата на лудиот денес нешто најнормално покрај оние состојби до кои се држиме и ги славиме како нормални?-додаваат од жири комисијата.
Наградата за најдобро актерско остварување на 11-тото издание на овој фестивал, е доделена на актерот Мирко Влаховиќ за улогата на кнезот Никола Петровиќ, од црногорскиот народен театар во Подгорица.

Наградата за актерска вештина е доделена на актерот Ракан Рушаидат, за улогата на таткото во претставата Ја мразам вистината, на театарот од Загреб, Театар и ТД.

Специјалната награда за уметничко остварување е доделена на претставата Птици во продукција на театарот БИТЕФ од Белград.

Театарската награда Ивана Томичиќ, која ја доделува центарот за култура од Тиват, за 2016 година, ја доби Бранко Илиќ, за исклучителен придонес во развојот на театарскиот израз.

Дневникот на лудиот, оваа година покрај оваа награда, беше наградена и на фестивалот ПУФ во Пула, Хрватска, за поединечно и заедничко уметничко остварување и презентација на познатото дело на Гогољ, потоа на фестивалот Инфант во Нови Сад, на фестивалот Мали сцени во Риека, доби три награди и тоа за најдобра музика, награда за главна машка улога и награда доделена од весникот „Нови лист“за машка улога, а тука е и наградата од публиката на годинешното издание на фестивалот на монодрама во Битола.

Дневникот на лудиот беше изведена во рамките на годинешното издание на фестивалот Сплитско лето, како и во Бриони.

 

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY