До 20 степени во Битола

0
473

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди, ветровито и многу топло. Дневните температури ќе бидат повисоки и за 14 степени од просечните за овој период од годината. Ќе дува јужен ветер.

Денеска повеќе сончеви периоди ќе има во северните и северозападните делови од земјата. Максималната дневна температура денеска во Скопје ќе биде 22 Целзиусови степени, во Тетово 20, Гостивар и Кичево 19, Крушево 16, Штип и Демир Капија 22, Крива Паланка 20, Охрид 18, Битола 21, Велес и Кавадарци 22, Гевгелија 23, Струмица 22, Берово 19, Кочани 21…

Утре времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и топло со дневни температури до 22 степени.

Во четврток земјата ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која ќе донесе облачно време и врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат до 17 степени.

Петок и сабота се враќа сончевото време со дневни температури од 12 до 20 степени и од 11 до 18 степени.