До 2030 година 15 земји ќе го исфрлат јагленот од производството на струја

0
613

Најмалку 15 земји се приклучија на Меѓународниот сојуз кој планира до 2030 година постепено да го исфрли јагленот од производството на електрична енергија, соопштија претставници на Обединетите нации кои учествуваа на преговорите за клима, што се одржаа во Бон.

Формирањето сојуз за производство на енергија без јаглен го иницираа Британија, Канада и Маршалските Острови, повикувајќи ги и другите земји да им се придружат.

Во меѓувреме, на Сојузот се приклучиле и Данска, Финска, Италија, Франција, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Нов Зеланд, Етиопија, Чиле и Мексико.

До самитот на ОН за клима во 2018 година, Сојузот треба да има 50 земји членки. Самитот ќе се одржи во полскиот град Катовице, еден од најзагадените градови во Европа.