До 2050 ако се користат алтернативните извори на енергија, загадувањето ќе се намали за 76%

0
345

Македонија има голем потенцијал во производството на „зелена” електрична енергија ако повеќе ги користи алтернативните извори на енергија. Во 2014 година, земјата била лидер во регионот по искористеност на сончевата енергија и производство на електрична енергија од сончевите централи. До 2050 година потенцијалот може да се зголеми и околу 60% од домашното производство на струја да биде од сончева енергија, 10% од ветер и околу 26% од водениот потенцијал.

Годишно во Македонија се губат по 640 човечки животи поради големото загадување на воздухот, при што големо влијание има енергетскиот сектор, и затоа е неопходно да се ориентираме кон алтернативни извори на енергија, а да го изоставиме производството на струја од јаглен.

Во моментов 70% од производството на струја е од јаглен, но доколку се инвестира во обновливи извори на енергија, до 2050 година загаденоста на воздухот ќе се намали за 76% во споредба со загаденоста на воздухот во 2010 година.

Доколку се монтираат сончеви панели во домаќинствата и ако се направи добра изолација на куќите ќе се намали и увозот на струја во земјата, бидејќи околу 50% од вкупната потрошувачка на струја во Македонија опаѓа на домаќинствата, а пак 45% од потрошувачката на домаќинствата е токму за топла вода.

Цените на соларните панели се очекува да се намалат од околу 6,6 евра за еден ват во 2001 година, на 0,9 евра/ват во 2007 година. Со натамошниот напредок во ветерната технологија и други преносни опции на обновливи извори на електрична енергија ќе се смени и пејсажот за идните инвестиции во капацитетите на новите генерации, со што се очекува цените на енергијата добиена од ветерот да се намали и до 20-30% од 2038 година.

Ова се само дел од податоците кои денеска беа презентирани од страна на „Аналитика тинк тенк“, „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“ по нивниот четиригодишен проект насловен „SEE SEP“ за алтернативата на енергетските иднини на земјите од Југоисточна Европа, финансиран од Европската Унија.

Во оваа програма учествуваа и 17 партнери од организации од целиот регион (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска) и ЕУ.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY