До 4 илјади евра казна за берење на боровинки

0
7220

На 12 август започнува бербата на боровинка во Националниот парк Пелистер. Од таму ги известуваат Собирачите на боровинки, дека во тек е издавање на легитимации за собирање на шумски плодови за 2016 година.од Националниот парк ги информираат граѓаните да берат само зрела боровинката, а не и онаа која е се уште зелена. Билкособирачите при собирање на шумски плодови треба да се придржуваат кон следниве услови:

– плодовите кои се собираат да се во оптимална зрелост;

– да не се оштетува коренот и репродуктивните органи,

– да не се собира со средства кои ја загрозуваат состојбата на растенијата,

– забрањето е кампирање и палење на оган, ноќевање вон туристичките објекти во Националниот парк Пелистер како и фрлање на отпадоци.

Лицата кои што ќе бидат затекнати на теренот без дозвола за собирање на шумски плодови, ќе бидат санкционирани согласно позитивните законски прописи.

Боровинката, која собирачите на боровинки ќе ја собираат на територијата на Паркот, (освен дозволените до 5 килограми), се должни да ја продаваат на откупните пунктови на овластените откупувачи од страна на Паркот.

За лицата кои нема да се придржуваат на погоре наведените правила, Јавната Установа Национален парк Пелистер во соработка со Шумската и Редовната полиција, ќе превземе прекршочни и казнени мерки, предвидени со позитивните Законски прописи и следува глоба, која се движи од 800 до 4.000 евраденарска противвредност.

Планинарите пак велат дека годинава поради временските услови слаб ќе бил родот на боровинака за разлика од минатите години

Од Националниот парк Пелистер пак велат дека не се знае колкав ќе биде годинава родот на боровинка додека не заврши бербата.