До 90% штета кај овоштарите во Преспа

0
346

Тешка година за ресенчани. Ниските температури што пролетва по втор пат го зафатија Преспанскиот регион во голема мера нанесоа штета кај овошните насади. Родот на јаболката е помал за 90% од ланскиот се пожалија овошарите, на почетокот на јаболкоберот во Преспа кои неколку години наназад се справуваат со временските непогоди. Според проценките со намалениот род производителите ќе загубат околу 20 милиони евра.

– Ако просечна година има род од 100.000 тони , оваа година ќе има помалку и до 10 илјади тони. Таа количина јаболка не е доволна за домашниот пазар а да не зборуваме за извоз. Трошоците за производство се големи овоштарите се истоштени. И лани и во 2014 година имавме временски непогоди од град и мраз така што сме исцрпени и доведени до работ на егзистенција, изјави Љубе Пампулевски , Претседател на здружение на овоштари “Благоја Котларовски “

По која цена ќе се откупуваат јаболката не се знае, но се поради слабата понуда цените ќе бидат повисоки од ланските. Во овој крај дури 70 проценти од домаќинствата се занимаваат со овоштарство.
Според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година, 5.477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5.384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се деловни субјекти.

Без коментари