До каде е реконструкцијата на Спортската сала Младост ?

0
3534
SONY DSC

– Во завршна фаза е поставувањето на столчињата. Не случајно ја одбравме бојата, зелено – бела, бојата на Пелистер. Со сите реализирани активности, мислам, дека, салата, навистина добива еден нов лик. Во текот на утрешниот ден, ќе биде донесен и новиот семафор, кој што ќе биде поставен во салата, а со тоа првиот дел од реконструкцијата, на некој начин, ќе се заокружи. Продолжуваме понатаму, во идниот период, ќе бидат средени и ходниците, соблекувалните и вториот дел од тоалетите. Санирана е и кровната конструкција, така што, имаме навистина нови услови, кои придонесуваат спортската сала „Младост“, да изгледа одлично“, изразувајќи верување дека, сите досегашни активности во овој објект, ќе бидат на задоволство на сите натпреварувачки екипи, како и гледачи, навивачи и поддржувачи на спортот во Битола. Вкупната инвестиција на инфраструктурните активности кои се реализираат во објектот изнесува половина милион евра, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески